Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев вечерва прогласи победа на локалните избори.
„Денеска победи Кавадарци, победи општината, го избравте правиот човек кој ќе ве води во прав правец, истото ви го ветувам и денеска како што го ветував и претходно.
„Пред се сакам да се заблагодарам на сите жители во Кавадарци, на сите оние кои излегоа да гласаат без разлика од која страна, Кавадарци е убава општина и ќе биде најубава, рече Јанчев на прославата на градскиот плоштад.
Јанчев нагласи дека знае да работи и да менаџира со општинскиот буџет и се заблагодари на неговиот тим и за поддршката од Кавадарчани.







