Уште пет страници доверливи документи се пронајдени во една просторија од семејната куќа на американскиот претседател Џозеф Бајден во Вилмингтон во американската сојузна држава Делавер, соопшти вечерва Белата куќа.
Тие документи, кои датираат од времето кога Бајден беше потпретседател на САД, за времето на демократот Барак Обама, пронајдени се во една просторија крај гаражата, после доаѓањето на адвокатот на Бајден на лице место.
Белата куќа во четвртокот објави дека во домот на Бајден биле пронајдени документи со степен на доверливост.
Тоа е соопштено неколку дена откако доверливи документи, исто така, беа пронајдени во канцеларијата на поранешниот институт на Бајден во Вашингтон.
Американското Министерство за правда веднаш реагираше и го именуваше специјалниот обвинител Роберт Хур да го истражи тој случај.
(Фото: ЕПА)






