Во невремето што во саботата и неделата го зафати Крим, едно лице исчезна, а четири се повредени, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Припадниците на тоа Министерство цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи и им пружале помош.
Денеска на Крим е неработен ден поради невремето, а надлежните служби ги предупредија граѓаните дека се очекуваат урагански ветрови и дожд со снег.
Советникот на лидерот на Крим, Олег Кријучков, синоќа соопшти дека речиси половина милион жители на полуостровот останале без струја.
(ФОТО: МИА)







