Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во пораст бројот на пациенти со малигни хематолошки заболувања
Во Фокусот

Во пораст бројот на пациенти со малигни хематолошки заболувања

септември 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се зголемува бројот на новодијагностицирани пациенти со малигни хематолошки заболувања во државава.

Минатата година нивниот број изнесуваше 495, а годинава се очекува тој број да биде за 10 до 15 проценти поголем.

Од нив 50 отсто ќе имаат лимфон, 30 отсто ќе имаат акутна леукемија, околу 20 отсто ќе имаат миелом, а останатите ќе ги имаат поретките специфични малигни хематолошки заболувања.

Најзагрозена група се децата и адолесцентите.

Ова денеска го истакна директорката на Универзитетската клиника за хематологија, Ирина Пановска Ставридис, на прес-конференција на Здружението „Борка за секој нов ден” по повод одбележувањето на септември месецот посветен на подигнување на свесноста на хематолошки малигни заболувања.

Таа рече дека минатата година биле дијагностицирани 180 пациенти со нехочкинов лимфон, најмногу расте бројот на пациенти со акутна леукемија, чиј број во 2014 година изнесувал 50, минатата година – 91, а само до 30 јуни годинава има 50 новодијагностицирани.

Меѓу симтомите за малигни хематолошки заболувања се замор, главоболки, чести инфекции, лесно крварење, лесна појава на модринки, појава на безболни зголемени лимфни јазли…

Д-р Пановска Ставридис рече дека раната дијагностика влијае на исходот на болеста.

Посочи дека околу 60 отсто од пациентите кои ќе се дијаностицираат со акутна леукемија ќе бидат живи после пет години, со лимфом – 80 отсто од нив, а со хочкиновиот лимфон речиси 95 отсто ќе преживеат пет години.

„Една третина од пациентите со малигно хематолошко заболување нема да бидат живи после пет години. На Клиниката обезбедиме лекови за групи пациенти за кои досега немаше прволиниска терапија, воведовме нови методи со кои им овозможуваме во европски стандардизирани услови да се лекуваат во нашата земја. Првпат во државава пациентите со хронична миелоична леукемија минатата година ја добија и
второлиниската терапија“, додаде д-р Пановска Ставридис.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека многу е направено, пред се, во сферата на хематолошките малигни заболувања, Клиниката за хематологија се реновираше, воведени се повеќе методи за кои пациентите се испраќаа во странство, а заедно со Фондот за здравствено осигурување се изработени и ДРГ кодовите.

Користејќи ги нашите експерти кои имаат големо искуство во третманот на одредени пациентите, со новите ДРГ кодови и новите лекови кои им беа дадени благодарение на зголемување на буџетот, појасни, се аплицираа методи за кои тие беа испраќани во странство, што беше огромен трошок и малтретирање на пациентите и нивните семејства.

„Го најдовме овој начин за кој сметам дека е многу автентичен дека треба да се инвестира таму каде што е најпотребно, каде што ги имаме врвните експерти да ги користиме сите други начини да ги намалиме трошоците за лекување во странство. Спроведовме групна набавка на биолошка терапија односно ги обединивме сите буџети на сите јавни здравствени институции кои користеа ваква скапа биолошка терапија со која се лекуваат пациентите со малигни заболувања. Тоа ни овозможи триесет нови лекови за сите онколошки заболувања – за карцином на бели дробови, дојка, терапија за невролошки дегенеративни заболувања…кои ги немаше во земјата, а зголемен е бројот пациенти кои ќе ги примаат и има континуитет во лекувањето“, рече Филипче.

Тој нагласи дека се надева оти во собраниска процедура ќе помине и измената на Законот за здравствено осигурување за да бидат подготвени да ја сменат и позитивната листа на лекови.

Додаде дека овој начин на повеќегодишна набавка донел и огромна заштеда во милионски суми евра, за што за кратко време ќе ја информираат јавноста.

Претседателот на Здружението „Борка за секој нов ден”, Биба Додева рече дека раното откривање на ракот помага полесно да се третира, па дури и излекува.

Посочи дека во државава првпат има голем број терапии кои досега не биле достапни за пациентите.

„Искрено се надевам дека системски ќе се реши проширувањето и измената на позитивната листа на лекови“, додаде Додева.

актуелно број на пациенти хематолошки заболувања
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.