Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Прилеп од Ковид-19 излекувана 85-годишната Елена Макалоска
Во Фокусот

Во Прилеп од Ковид-19 излекувана 85-годишната Елена Макалоска

април 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Осумдесет и пет годишната прилепчанка Елена Макалоска која, нјаверојатно, е најстариот пациент кој се излекувал од Ковид-19 ги направи среќни и им даде голем мотив за работа на медицинскиот персонал на Инфективното одделение во Прилеп.

Откако нејзината фотографија со дел од медицинскиот тим на одделението осамна на социјалните мрежи и порталите, создаде нова надеж во битката со Ковид-19.

Доктор Мирјана Крстеска од прилепското Инфективно одделение телефонски ни ја раскажа битката на 85-годишната прилепчанка која ја водела со смртоносната зараза.

Особно зашто Макалоска пред 21 ден била примена во многу тешка состојба – со пневмонија и слабокрвна.

Првите 10 дена многу тешко одело лекувањето.

-Пред 21 ден беше примена. Беше во исклучително лоша состојба, со слаба крв, тешкотии во дишењето, со тешка пневмонија. Процесот на нејзиното лекување течеше бавно за разлика од некои помлади пациенти.

Првите десет дена имавме една терапија која кај други оди вообичаено, но кај неа одеше бавно, немаше подобрувања. Доби друга антибиотска терапија со поширок спектар. Дадовме и антикоагулантна терапија која, исто така, многу помогна. Поради слабокрвноста, на два наврати дадовме крв, се разбира, во консултација со интернистите. И тоа помогна за пациентката да живне, на некој начин, раскажува Крстеска.

Тешкиот процес на лекување ги натерал да размислуваат да ја пратат пациентката на лекување во Скопје.

-Кога 10-иот ден не ни одеше со терапијата, сакавме да ја испратиме на лекување во Скопје, но семејството не знаеше каква ќе и биде состојбата таму сама, вели Крстеска.

Нагласува дека во целиот процес помогнала нејзината ќерка која, до неа на одделението, се лекувала од Ковид-19 и е излекувана.

Вчера направените комплетни контролни анализи покажаа дека е добро и добро се чувствува.

-Една недела нема температура. Добивме два негативни теста за Ковид-19.

Таа се чувствува одлично. Последните денови нема потреба од кислородна поддршка.

Крвните анализи и се подобри, така што, за дома и дадовме само краткотрајна антибиотска и витаминска терапија и контрола по потреба. Најверојатно, 85-годишната Елена Макалоска е и најстариот пациент излекуван во земјава. Самата баба рече дека доколку остане жива, да ја споменеме на социјалните мрежи, нагласува Крстеска.

Како тим се чувствуваме среќни, вели доктор Мирјана Крстеска од прилепското Инфективно одделение.

-Среќни сме и многу моптивирани што успеавме бабата да ја излекуваме од тешката ситуација во која беше. Тоа е голем мотив да продолжиме и сите да бидеме упорни, вели Крстеска.

Во моментов, на Инфективното одделение има околу 20 пациенти, од кои 16 се со Ковид-19, а другите чекаат резултати. Пациентите се во релативно добра состојба.

Пациентите во тешка состојба кои имаат потреба од респиратор се испраќаат на лекување во Скопје.

– На одделението имаме уште две пациентки на околу 80-годишна возраст и се во релативно добра состојба. За нас, секој излекуван пациент ни е голем мотив да продолжиме понатаму. Работиме, секогаш помошта е добредојдена. Имаме одлична соработка со службата за епидемиологија од каде навреме добиваме резултати, а одлично соработуваме и со другите одделенија: рендгенологија, со болничката лабораторија, трансфузиологија, со Интерното одделение, заклучува доктор Мирјана Крстеска.

актуелно баба излекувана ковид
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.