Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во светот 1,4 милиони заразени со коронавирус, кај нас досега 599
Во Фокусот

Во светот 1,4 милиони заразени со коронавирус, кај нас досега 599

април 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во светот досега се регистрирани 1,4 милиони лицa заразени со новиот коронавирус.

Од нив починати се околу 80 илјади, а оздравеле 300 илјади. Кај нас, со вчерашните 29 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 599. Починаа 27, а излекувани се 30 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 254; Куманово – 128; Дебар – 49; Штип – 20; Прилеп – 34; Тетово – 29; Струга – 28; Велес – 10; Битола – 6; Охрид – 3; Кавадарци – 2; Гостивар – 4; Гевглелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка – 3; Радовиш – 4; Крушево – 2 и Кочани – 17.

Засега, како што соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче, нема најава дека статистиките ќе поминат во позагрижувачка форма, односно дека ќе почне експоненцијално да расте бројот на пациенти. Вели дека ги разгледуваат статистиките, и оти враќањето на вообичаената бројка меѓу 20-30 пациенти дијагностицирани во текот на 24 часа претставува линеарен раст на бројот на пациенти.

На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 67 пациенти од кои шест се на механичка вентилација, 12 се со потешка клиничка слика, а влошена е состојбата и на родилката од Куманово, која се уште е респираторно самостојна, но со значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови.

Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти од кои тројца се на респираторна машина, а девет со потешка клиничка слика.

Од четворицата пациенти хоспитализирани во Штип – еден е со среднотешка клиничка слика и тројца со лесна клиничка слика.

Сите пациенти од болницата во Охрид завчера пристигнале во Клиничката болница во Битола и сега тие таму ќе се лекуваат.

Откако 18 вработени се дијагностицирани со Ковид-19 во Кумановската болница, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку дена во поддршка на вработените на инфективното оделение дошле двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени.

Министерот вчера информираше дека еден возач од итна медицинска помош е позитивен на коронавирусот, тој на работното место бил со целосна заштита опрема и се анализираат неговите контакти во приватниот живот.

Денеска треба да се тестираат сите луѓе кои изминативе денови биле во контакт со вработен на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, кој кажал дека има заболени од коронавирус во семејството, а во моментов сите тие се во изолација.

Филипче информира дека има доволно тестови и заштитна опрема. На располагање се 4.000 тестови, 5.000 се донација од приватна лабораторија, а во тек е е постапка за 3.000 дополнителни тестови. Тестовите, како што рече, како бројка воопшто не се проблем, ниту пак може да бидат некаква закана во целокупниот процес на тестирања. Досега во земјава се направени 5.879 тестирања на Ковид-19.

актуелно заболени заразени корона вирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.