Турската полиција уапсила 14 лица, членови на Исламска држава, осомничени дека денаска, за време на изборите, планирале да извршаѕ напад во Анкара, јави турската агенција Анадолија.
Припадниците на единицата за борба против тероризмот извршија претреси на повеќе адреси во Анкара и ги привеле осомничените за кои се наведува дека се странски државјани..
Последните години Исламска држава спроведе повеќе бомбашки напади ширум Турција, вклучувајќи го и нападот во ноќен клуб во Истанбул на 1 јануари 2017 година во кој загинаа 39 лица, потсетува Ројтерс.







