Од вчера на полноќ во Хјустон е воведен полициски час за да се спречат кражби, вооружени грабежи и движење на луѓето кои лажно се претставуваат дека се полицајци и таа мерка ќе биде во сила се додека постои опасност, најавија градските власти.
Полицискиот час е од полноќ до пет часот наутро. Првично било предвидено мерката да се применува од 22 часа, но тоа ќе ги спречи волонтерите да продолжат да обезбедуваат помош на жртвите на Харвеј, рече градоначалникот рече Силвестер Тарнер во соопштението. Полицијата, исто така, донесува дополнителни сили од други региони.
„Не можете да возите, ниту пак да престојувате во отворен простор. Имавме проблеми со вооружени грабежи, со луѓе вооружени со пиштоли и друго огнено оружје“, изјави началникот на полицијата во Хјустон, Арс Асеведо.
Ураганот Харвеј кој во меѓувреме ослабе и стана тропска бура предизвика катастрофални поплави во кои загинаа најмалку 13 лица и го паразилираше Хјустон, четврти најнаселен град во земјата. Во Тексас, речиси 50 илјади куќи се поплавени, а во некои случаи, нивото на водата се искачи до покривите. Под вода е речиси една третина од округот Харис, каде живеат 4,6 милиони луѓе.
Жителите на Хјустон во вторникот попладне ги видоа првите зраци на сонцето по неколку денови дожд, но прогнозите најавуваат нови 15 до 30 литри дожд на метар квадратен до четврток.
Штети за Хјустон се проценуваат на 50 милијарди долари.
Евакуиран е округот Харис каде што е фабриката за хемиски производи.
Жителите на округот Харис во Тексас кои живеат во круг од 2,4 километри околу фабриката за хемиски производи од француската групација Аркема евакуирани се како мерка на претпазливост. „Ова е направено од претпазливост“, се истакна во соопштение шефот на пожарникарите од тој оклуг, кој го опфаќа и градот Хјустон, кој е добар дел поплавен по обилните дождови кои ги донесе бурата Харвеј.
Од Аркема предупредуваат на „можна реакција на некои хемиски производи во погоните“. Хемиската реакција може да предизвика пожар, од кој моќже да се создаде голема количина на црн чад“, се додава во соопштението. Властите не кажуваат ништо за можната токсичност на чадот или за тоа за какви хемиски производи се работи.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го посети Тексас и во Корпус Кристи го пофали „тимскиот“ дух во акциите за спасување, но не ја спомена судбината на жртвите и раселените.
Ураганот Харвеј копното прв пат го погоди токму во Корпус Кристи, во петокот вечерта. При поминувањето крај седиштето на пожарникарите во округот, шефот го грабнал микрофонот и им се обратил на граѓаните: „Ве сакаме, ние сме тука да се грижиме за вас“, како да е политички собир, пренесува агенцијата АФП.
Меланија Трамп беше претходно во вторникот исмејувана на социјалните мрежи за „стајлингот“ кој го одбрала при излегувањето од Белата куќа, високи потпетици и пилотски очила за сонце, и покрај дождот. Но, по доаѓањето во Тексас, првата дама беше во спортска облека.
Пробиен насип кај Хјустон, се очекува удар на Њу Орлеанс
Пред доаѓањето на претседателскиот пар во Тексас, пробиен беше насип јужно од градот Хјустон и населението беше повикано веднаш да го напушти тој реон.
Американскиот национален центар за урагани (NHC) објави дека обилни дождови уште два дена ќе паѓаат над Луизијана и Тексас.
Тропската бура Харвеј донесе во четири дена на некои места и до 131 литри дожд на квадратен метар, што е рекорд за тропска бура во САД, објави од Националниот метеоролошки центар во Пирленд, југоисточно од Хјустон.
Дождот паѓаше 58 часа од петокот, денот кога Харвеј го погоди копното како ураган од 4-та категорија, а потоа ослабе во категорија на тропска бура и предизвика катастрофални поплави во Хјустон и во други места во Тексас.
Луизијана се подготвува за бура
Жителите на Њу Орлеанс во сојузната држава Луизијана се подготвуваат за обилни дождови и поплави во наредните 48 часа. Харвеј би требало да го погоди копното денеска. Бурата моментно развива ветрови со брзина од 85 километри на час и се движи кон брегот на Мексиканскиот залив каде што се акумулира влага од топлите води. Повеќе од пет литри дожд по квадратен метар досега паднаа во југозападниот дел на Луизијана.
Њу Орлеанс е посебно ранлив, бидејќи се наоѓа под нивото на морето и беше погоден при големата поплава во почетокот на август, а се уште болно ја памети катастрофата предизвикана од ураганот Катрина во 2005 година, кој однесе повеќе од 1.800 животи.












