Вооружен маж рани неколку луѓе во Цирих, соопштуваат од швајцарската полиција.
Напаѓачот е во бегство. Во тек е потрага по него.
Засега никој не изнесува детали на инцидентот. Се е во доменот на шпекулации.
Дел од медиумите во Швајцарија, повикувајќи се на свои извори, пренесуваат дека станува збор за напад со терористички заднина, дел пак информираат дека станува збор за криминална пресметка.