Неколку црногорски државјани се уапсени утринава во Подгорица под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба.
Акцијата ја води Агенцијата за национална безбедност, во чија надлежност е ова кривично дело, а е спроведена по наредба на Специјалното државно обвинителство.
Едно од уапсените лица, наводно, повеќе од 10 години работело за руската служба и е дел од поширока група чии членови и се познати на црногорската тајна полиција. Во случајов се работи за државен службеник.
Акцијата спроведена денеска е само почеток на активноста за откривање соработници на странски разузнавачки служби.
Во рамки на споменатата акција се вршат претреси на повеќе локации во Подгорица и околината. Се претресуваат станови и други простории во сопственост на повеќе граѓани. Во нив има сомнение дека се вршени кривични дела шпионажа и создавање криминални организации.
При претресите пронајдени се предмети од интерес за истрагата.
Медиумите информираат дека сето ова е дел од меѓународна акција, а меѓу уапсените има и руски државјани.
(Инфо: „Вријеме“)







