Американските воздухопловни сили ликвидирале во Јемен високопозициониран водач на терористичката организација Ал каеда на Арабискиот полуостров.
Прес-секретарот на Пентагон Питер Кук изјави дека операцијата на авијацијата е извршена во неделата на 8 јануари во провинцијата Бајди.
Во воздушниот напад е убиен еден од главните водачи на Ал Каеда, Абд ал Гани ал Расас.
Убиството на локалниот командант се очекува да го наруши дејствувањето на Ал Каеда на Арабискиот полуостров.









