„Ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството кон бугарските клубови во Македонија. Многу е едноставно… Отворање на уште 20 клубови и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред сè вистина. Таа ќе ве ослободи“, истакна финансиерот на бугарските клубови во Македонија, Милен Врабевски во интервју за БНТ.
Финансиерот кој во јавноста е претставен како филантроп, тврди дека Македонија била украдена територија од Бугарија, а на Македонците „им биле испрани мозоците од југословенскиот модел од кој нема полош и погрд во светот“.
(Извор: „Плусинфо“)







