Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центарот за трансфузиона медицина од Тетово организираа крводарителска акција во објектот на општина Тетово.
Крв имаа можност да даруваат вработените во општинската администрација и од подрачните единици на Министерствата.
„Вкупно 21 единица крв се собрани од вработените во администрацијата во Општина Тетово и подрачните единици на Министерства во Тетово кои доброволно даруваа крв. Акцијата беше еднодневна и траеше од 11 до 16 часот“, информира Шќелзен Мурати, секретар на тетовскиот Црвен крст.
Следната недела Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина организираат две акции.
Во просториите на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ в среда, на 2 октомври од 9:00 до 13:00 часот, и во Гимназијата „7 Март“ во Тетово во петок, 4 октомври, исто така од 9:00 до 13:00 часот.