Во Собранието на Република Македонија беше врачена наградата „Мито Хаџивасилев- Јасмин“ за 2016 година, на годинашните лауреати Аљуш Камбери – за публицистика и на Тони Димков – за новинарство.
Тони Димков има 25-годишна новинарска кариера остварена во повеќе печатени, дневни и периодични списанија и електронски медиуми. Во две и полдецениската има подготвено повеќе од петстотини ТВ прилози, педесетина ТВ емисии и стотици интервјуа и текстови од областа на културата и уметноста.
Пензионираниот новинар Аљуш Камбери сиот работен век, повеќе од 45 години, го поминал во Македонската телевизија, во документарната програма на македонски и на албански јазик.
Камбери има богато телевизиско творештво. Автор е на филм од првото доаѓање на Мајка тереза во Македонија.
За нобеловката и хуманистка направил уште три документарци, како и играниот филм „Кога Мајка Тереза беше Гонџе“.







