Времето утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и утре, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови.
Во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Од четврток до крајот на викендот времето ќе биде стабилно и претежно сончево.







