Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието и наместа во југозападните делови.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.






