Врховниот суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“. Предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше повторно ќе почне од почеток.
Вкупно осум лица беа осудени за различни кривични дела. Меѓу осудените беше и новинарот Томислав Кежаровски кој првично доби казна затвор од 4 години и 6 месеци која потоа му беше намалена на 2 години затвор
Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот.
Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а опотоа беше во домашен притвор.
Во овој случај осудени на правосилни казни беа и обвинетите:
-Иле Танев, единствена казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци.
– Валентин Зафиров, казна затвор од 2 години и 6 месеци.
– Ивица Ефремов, единствена казна затвор од 3 години.
– Борис Николовски, условна казна од 1 година затвор, која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело.
– Сашо Лазаревски, условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело.