Судиите ќе расправаат по однос на барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство за пресудата на шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, кој потпиша спогодбата со oбвинителството и се согласи за издржување затворската казна во траење од 3 години.
Покрај ова, судиите од Врховниот суд на денешната седница треба да одлучуваат и по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Специјалното јавно обвинителство бара замрзнување на имотот на партијата во рамки на истрагата за случајот „Талир“, бидејќи се сомневаат дека е стекнат на незаконски начин.







