Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ЧЕШКА: Пензионираниот генерал Павел пред екс-премиерот Бабиш
Европа

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ЧЕШКА: Пензионираниот генерал Павел пред екс-премиерот Бабиш

јануари 27, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешниот командант на чешката армија, Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите во петок и сабота ќе одат во вториот круг на гласање за нов претседател.

Пензионираниот 61-годишен генерал Павел се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада.

Чешките претседатели немаат многу секојдневни овластувања, но бираат премиери и гувернери на централните банки, имаат право на глас во надворешната политика, моќни креатори се на јавното мислење и можат да влијаат на владината политика.

Обложувалниците проценуваат дека Павел има 10 пати поголема веројатност дека ќе победи од милијардерот Бабиш, а водеше во последните анкети објавени во понеделникот.

Гласањето започнува во 14 часот во петок и завршува во 14 часот во сабота, а резултатите се очекуваат подоцна истиот ден.

Павел се пријавил во војската за време на комунистичката ера кога Прага беше дел од Варшавскиот пакт предводен од Советскиот Сојуз, и беше одликуван за неговото учество во мировните операции во поранешна Југославија во 90-тите.

Се искачи до командант на чешкиот Генералштаб и беше претседател на Воениот комитет на НАТО три години пред да се пензионира, во 2018 година.

Колегите на Павел велат дека го ценат неговото мирно, одлучно донесување на одлуки, неговата способност за пронаоѓање на консензус и неговата отпорност на стрес.

Се кандидираше на платформата неговата централноевропска земја да остане цврсто вкоренета во Европската унија и НАТО и дека ја поддржува понатамошната воена помош за Украина против руската инвазија.

Павел, исто така, го поддржува усвојувањето на заедничката валута – еврото, чекор што со години е во втор план, и прогресивната политики како што се геј браковите.

На завршниот митинг, на кој во средата се собраа илјадници луѓе на историскиот плоштад во Прага, Павел се обиде да се претстави како кандидат кој може да ги премости политичките ровови.

„Кога служев војска, служев на земјата и на сите во неа, без разлика на политичките преференци, и така сакам да служам како претседател. Сите сакаме демократија, слобода, толеранција, пристојност и решавање на проблемите со соработка“, им рече на насобраните.

Шеесет и осумгодишниот Бабиш, борбен деловен магнат во сферата на хемикалиите, храната, земјоделството и медиумите, кој беше премиер од 2017 до 2021 година, заигра на „картата на војна“.

Бабиш, кој имаше топли односи со унгарскиот претседател Виктор Орбан, кој пак се судри со партнерите од Европската унија околу владеењето на правото, финалето на својата кампања го изгради врз стравот од војната во Украина предизвикан од ширењето на руската инвазија.

Вели дека ќе понуди посредување во мировните разговори и сугерираше дека Павел, како поранешен војник, би можел да ја вовлече Чешка во војна.

Павел ги отфрли обвинувањата велејќи дека тие се бесмислени и истакна оти таквата реторика на неговиот противкандидат е военохушкачка.

Бабиш е поддржан од претседателот во заминување, Милош Земан, личност која предизвикува поделби, која се залагаше за поблиски врски со Кина и, додека Русија не ја нападна Украина, со официјална Москва.

Како лидер на најголемата опозициска партија, Бабиш гласањето го претстави и како протест против владата за која рече дека направила малку за да им помогне на луѓето да се справат со наглото зголемување на цените на енергијата.

актуелно војна генерал избори магнат русија Украина Чешка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.