Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Абу Даби, кој е домаќин на големиот Светски саем на наменска индустрија и друга воена опрема.
Вучиќ ја обиколи понудата на српската наменска индустрија, наведувајќи дека Србија ќе продолжи да инвестира во одбранбената индустрија, но и дека постои голем интерес за оружјето кое се произведува во Србија.
По посетата на понудата на српскиот штанд, Вучиќ ги посети и останатите излагачи, а помина и покрај хрватскиот.
Српскиот претседател, куртозно, на поминување, ги поздравил претставниците на хрватската воена индустрија.
„Добар ден, среќна работа“, рекол Вучиќ, а потоа се пошегувал и рекол дека Хрватите биле шокирани бидејќи од неговиот пријателски гест.
Кажа пофални зборови за хрватската армија и одбранбената индустрија, а потоа ги „пецна“.
„Имаат одлична армија, имаат одлична одбранбена индустрија.
Јас го почитувам тоа, а ние малку подобра. Имаа една од најдобрите фабрики во поранешна Југославија, Ѓаково порано беше најдобрата фабрика. Имаат одлична армија и вложуваат многу, а наше е да не бидеме послаби“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека доколку Србија ја модернизира својата наменска индустрија која произведува гранати, мини и муниција, ќе биде на врвот во цела Југоисточна Европа, бидејќи побарувачката е голема.







