Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВУЧИЌ НЕ БИРА ЗБОРОВИ: Ќе се копа литиум и точка!
Балкан

ВУЧИЌ НЕ БИРА ЗБОРОВИ: Ќе се копа литиум и точка!

август 13, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Восхит за својата храброст и личниот ризик заслужуваат активистите на „Не го даваме Јадар“, студенти и млади луѓе кои успеаја после мирниот собир да ги блокираат железничките станици во Србија, „Прокоп“ и „Нов Белград“.

Четиринаесет од нив, како што соопшти Ивица Дачиќ, биле „однесени“ во полициска станица откако дури утрината околу 6.30 часот полицијата ги оддалечила од овие места. Тројца се сомничат дека сториле прекршоци и две лица кои се странски државјани заради „нивното присуство во близина на важни државни институции“.

Многу слично како и во случајот со масовните протести во мај минатата година, по трагедиите во Белград, Дубона и Мало Орашје, под слоганот „Србија против насилството“, основниот впечаток е продолжувањето на ригидниот пристап на власта кон сите протести и барањата на граѓаните.

Наместо да одговорат зошто во понудениот рок од 40 дена не направија ништо за да се отвори вистински дијалог и да се преиспита ненадејната промена на одлуката на Владата од 2022 година, контроверзниот начин на одлучување на Уставниот суд и новата одлука на Владата за да го вратат на сила укинатиот План за специјални намени за таа област, владините претставници ги обвинија граѓаните дека водат „хибридна војна“ против нивната земја во организација на „најголемиот криминалец кој не е во Србија“ (н.з. Шолак) и на тој начин уште еднаш избегнаа вистински и рамноправен дијалог за ова прашање.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, надвор од сите негови законски овластувања, најавува дека ќе оди на разговори по овој повод во Лозница, Горњи Милановац, Крупањ, Зворник и Ваљево, при што грубо ги навреди граѓаните на Белград и Нови Сад, а веројатно слично мисли и за тие од Ниш и Крагуевац дека „не ги интересира литиумот“.

Она на што во оваа прилика треба да се укаже е дека лидерите на сите опозициски партии цело лето, после поделбата и неуспехот на изборите на 2 јуни, изгледа не ја сфатија доволно сериозно оваа ситуација.

Големата вклученост на еколошките организации и граѓаните по повод протестот за забрана за литиум, беше вистинска можност тие да се обидат да ја вратат довербата во нивното посветено, принципиелно и заедничко дејствување за поддршка на овие протести, но и други активности против актуелниот режим.

При блокадата на железничките станици новинарите од Н1, се чини, едвај успеаја да најдат по некој од претставниците на опозициските партии, а утрото воопшто ги немаше.

Во летната собраниска расправа тие не инсистираа доволно оваа точка да биде ставена на дневен ред на Народното собрание, а во исто време се носеа и разни спорни одлуки.

Потоа, не го сфатија сериозно ниту предлогот на Александар Вучиќ да се покрене прашањето за негов импичмент од функцијата, особено што тој предложи тоа да се направи според одредбите на неважечкиот Устав од 1990 година.

Од пролетта оваа година српската опозиција има предлог за отпочнување на постапката за разрешување на претседателот, кој во организација на кампањата „Ферка.рс“ го потпишаа 60 пратеници.

За да може оваа иницијатива да биде разгледана во Собранието, потребни се уште 24, од вкупно 94 пратеници на опозицијата.

актуелно Александар Вучиќ Белград литиум србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.