Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вучиќ: Објавените транскрипти се срам
Балкан

Вучиќ: Објавените транскрипти се срам

мај 30, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Идниот претседател на Србија, Александар Вучиќ вели дека е срамно тоа што Македонија му ги дала, на Горан Живаљевиќ од амбасадата на Србија во Македонија и новинарот Мирослав Лазански од Белград, записите од прислушуваните разговори на Иван Стоилковиќ, лидер на Демократската партија на Србите. Според Вучиќ не е виновна Македонија туку странска западна служба, пренесува Н1 телевизијата.

Во Србија прислушувани разговори не се објавувани во медиумите во последниве години, барем не оние по 2012 година. Се разбира дека ги има, во согласност со законот, но не и во медиумите. Одговорни земји се однесуваат на одговорен начин – рече тој во интервју на ТВ Пинк.

Вучиќ исто така праша зошто македонската власт го следела и прислушувала новинарот Мирослав Лазански и рече дека е срамота тоа што е направено. Според идниот српски претседател, од странство имало огромни притисоци и биле вложени многу пари за соборување на неговата влада, но за да се обелодени тоа е „потребна одредена историска дистанца“.

Српската мрежа за истражување, криминал и корупција, КРИК, објави транскрипти од македонското УБК од прислушувани разговори меѓу српскиот новинар Лазански, македонскиот пратеник Стоиљковиќ и припадникот на српската тајна служба Живаљевиќ.

Според транскриптите тие спроведувале медиумска пропаганда во Македонија во корист на поранешниот премиер Никола Груевски и на руската политика. Македонските служби заклучуваат дека овие разговори меѓу Живаљевиќ, кој за време на насилствата во Собрание на 27 април бил снимен во собраниската зграда, и Стоиљковиќ „недвосмислено упатуваат дека разузнавачот директно ги насочува и контролира активностите на пратеникот, а преку него, посредно се обидува да влијае и врз политичката состојба во Македонија“.

Од содржината на разговорите може да се констатира дека и присуството на новинарот и аналитичар Мирослав Лазански во Македонија е организирано со помош на Горан Живаљевиќ, кој исто така организира со кого новинарот ќе контактира и врши негов брифинг и дебрифинг – стои во транскриптот.

Снимените разговори се во периодот од трети до 5 март годинава.

Вчера пак, Стоиљковиќ за новинската агенција „Спутник“ изјави дека ќе ги тужи македонските служби затоа што го прислушкувале.

Кога некого не можете да го замолчите и немате ништо спорно поврзано со неговата личност, тогаш прибегнувате кон разни измислици – изјавил Стоиљковиќ.

Според него нема логика судот да издаде наредба за примена на ПИМ мерки за него, бидејќи поседува безбедносен сертификат.

Ако прислушувате пратеник и го ставите на таканаречени ПИМ мерки, морате да имате одлука на судот, а за да добиете одлука на судот, мора да дадете образложение.

Не знам и не сум свесен какво образложение би можело да биде за јас да бидам прислушуван кога имам безбедносен сертификат – вели Стоиљковиќ и додава дека ако не постои таква судска одлука за мое прислушување, тогаш ќе тужи и ќе бара отштета.

Александар Вучиќ Горан Живаљевиќ Лазански Стоиљковиќ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Кос од Софија: Еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од Европа

октомври 8, 2026

Турција е најголем странски инвеститор во Албанија

октомври 2, 2026

Фон дер Лајен од Тирана: Албанија повторно постигна фантастичен напредок

октомври 1, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.