Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
  • Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив
  • Резултатите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот изедначенипо изборите во Израел
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вучиќ: Ова е најтешкиот ден за мене, повикувам на зачувување на мирот
Балкан

Вучиќ: Ова е најтешкиот ден за мене, повикувам на зачувување на мирот

декември 11, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека ги дал „најважните наредби, кои Советот за национална безбедност ги прифатил“.

„Ние презедовме соодветни мерки за заштита на нашата татковина, и во склад со тоа ги издадов најважните наредби и Советот за национална безбедност ги прифати и морам да кажам дека сум многу горд на нашите војници и полицајци. Пред да добијат каква било наредба да ја подигнат борбената готовност, ние ќе се обидеме милион пати пред тоа да го зачуваме мирот“, изјави Вучиќ за РТС по седницата на Советот за национална безбедност одржана во врска со актуелната ситуација на Косово.

Тој наведе дека никој од Белград не ги наредил барикадите и додаде дека тие „не се направени затоа што се нечиј хир, туку затоа што се форма на протест“. Вучиќ изјави и дека Албанците не се движат по тие блокирани патишта.

Претседателот на Србија ги повика Србите и Албанците да го зачуваат мирот и да ја смират ситуацијата. Тој на Србите во Косово им порача да останат смирени и присебни.

„Денеска ми е најтешкиот ден откако сум претседател на Србија, веројатно ме очекува најтешката ноќ“, изјави Вучиќ.

Вучиќ наведе дека пред Србите во Косово е „тешка ноќ“.

Рече дека Белград има уверување од КФОР и ЕУЛЕКС дека нема да преземаат насилни акции против демонстрантите на барикадите на северот на Косово.

„Се надевам, и имаме уверување од КФОР и Европа, дека тие нема да преземат насилни дејствија против демонстрантите и се надевам дека така ќе биде. Ќе продолжиме да разговараме со нив, тоа е наша работа, ќе направиме се за да ги зачуваме мирот и стабилноста“, рече српскиот претседател.

„Се случува тоа што го најавувавме и вчера и претходните денови и недели“, додаде уште Вучиќ.

Вели дека на самиот терен имале „тешка борба за опстанок на еден народ на неговите огништа“.

Претседателот на Србија оцени дека е очигледно дека многу луѓе „нема да бидат загрижени ако нешто се случи на Косово“ и додаде дека нивна должност е да повикаат на мир.

„И бараме никој случајно да не ги допре припадниците на КФОР и ЕУЛЕКС, и тоа е многу важна порака“, рече Вучиќ.

Да потсетиме, вечерва околу 19 часот во Белград, во зградата на Генералниот секретаријат, се одржа седница на Советот за национална безбедност со која претседаваше претседателот, Александар Вучиќ.

На седницата, меѓу другите, присуствуваа и премиерката, Ана Брнабиќ, министерот за полиција, Братислав Гашиќ, директорот на БИА, Александар Вулин, министерката за правда, Маја Поповиќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, и началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.

Србите од северот на Косово во саботата поставија барикади во знак на протест против апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

актуелно Александар Вучиќ барикади Европа Еулекс Косово КФОР србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.