Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада
Македонија

Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада

јануари 12, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори.

– Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да настојуваме да ги завршуваме мандатите и потоа граѓаните да нè ценат по тоа колку сме реализирале од она што сме го ветиле од програмата. Вака на половина мандат може да се каже не сме го завршиле мандатот. Јас сум поборник на идејата за редовни избори, но за тоа одлучуваат 61 пратеник и политичката волја на пратениците е таа што одлучува кога би оделе на избори – рече Гаши на брифингот по одржаната координација со координаторите на пратеничките групи.

Прашан дали треба да постои или да се укине пржинската влада, Гаши одговори дека како стабилна Влада и членка на НАТО не е угледно да се формираат технички влади за организирање предвремени избори.

– Колку што се сеќавам, тогаш ние само што ја формиравме политичката партија. Ако се враќаме назад, тоа беше ад хок решение за таа политичка криза да се надмине. Мислам дека како стабилна Влада, како членка на НАТО, не е угледно да формираме технички влади за организирање предвремени избори до толку што гледаме дека изборните процеси, особено последните, течат по ред, нема некои забелешки. Еве вчера поминаа избори, сите си честитаа, никој немаше проблем за победата – рече тој.

Смета дека не сме во делот на ризичните земји за имплементација на демократија и за реализирање избори.

– И јас не мислам дека сме созреана скандинавска демократија. Но, не мислам дека сме во делот во ризичните земји за имплементација на демократија и за реализирање избори. Мислам дека многу сме напреднале во тој дел – рече Гаши.

Спикерот Гаши информира дека на координацијата ги повикал координаторите на пратеничките групи да се усогласат за изборот на народниот правобранител и да се најде решение.

– Ги повикав координаторите на пратеничките групи да се усогласат со народниот правобранител ако можеме да најдеме решение. Немаше некоја забелешка за тоа. Никој не беше против, само ќе треба да се разговара во меѓувреме. Се надевам дека набргу ќе дојдеме до решение. Никој не го оспорува името на кандидатот за народен правобранител. Јас мислам дека ако почнеме нова процедура, уште толку ќе трае и нема никаква гаранција како на крајот ќе заврши затоа што и на новиот оглас не знаеме кој ќе се пријави. Влегувањето во таков процес ќе го ризикува процесот во целина – рече тој.

Според него, за ова прашање потребни се политички разговори на ниво на координаторите на пратеничките групи.

– Што се однесува до нас како Собрание, ние сме ја донеле процедурата до седницата и точката е на дневен ред. Штом има договор, веднаш ќе ја свикам седницата и ќе го гласаме. Ги повикувам пратеничките групи да се договорат. А дали ќе се договорат – тоа е до нив. Неколкупати сум рекол дека проблемот не е името, но веќе сега во јануари, со блокирана институција, ќе биде голем проблем ако се навратиме на нов оглас, нова постапка, тоа ќе биде голем проблем. Дали ние сакаме да го решиме проблемот? Времето нè гази – изјави Гаши и информира дека ако кандидатот се повлече, постои можност од пријавените други кандидати да се изврши филтрирање на нов кандидат за избор на народен правобранител.

Во врска со Изборниот законик, Гаши информира дека чека допис од министерот за правда Игор Филков за да може Собранието да ја формира работната група и да почне со работа.

– Чекаме писмо од нив и јас до пратениците ќе го доставам писмото, па пратеничките групи да предложат по двајца членови, да се формира работната група, па штом ќе дојде текстот, да почне со работа работната група – рече тој.

Во однос на изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој на брифинг рече дека спикерот не пратил допис до анкетната комисија за трагедијата во Кочани и другите трагедии, Гаши потенцира дека не е точно.

– Не е точно. Ние сме ја донеле одлуката на седница. Пратеничките групи, според член 3 на одлуката, треба да ги достават предлозите до Комисијата за избори и именувања. Таму треба да се предложи состав и потоа да го изгласаме на пленарна – рече тој.

Гаши нагласи и дека тој настојува да повикува на носење закони по редовна, а не по скратена постапка.

актуелно влада гаши избори редовни техничка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.