Фактот дека над 13 илјади гевгеличани или околу 70 отсто од запишаните 19.459 во Избирачкиот список денеска излегоа на гласање, исполнет е законскиот праг од над 50% излезност, што значи дека одлуката на граѓаните ќе биде обврзувачка за локалната самоуправа.
Иницијаторите за референдумот се задоволни од излезноста на граѓаните.
Mониторинг тимот на „ЦИВИЛ“ регистрираше повеќе помали нерегуларности во целиот процес, меѓу кои неинформираност на гласачи, неколку случаи на групно гласање и проблеми со избирачкиот список.
Референдумот во Гевгелија беше инициран од граѓанското здружение „Спас за Гевгелија“, откако канадски компании вршеа детални геолошки истражувања за рудно богатство на планината Кожуф.








