Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Герберих за МИА: СЈО поттикна процес, неуспехот на поединци не значи дека целиот систем е погрешен
Политика

Герберих за МИА: СЈО поттикна процес, неуспехот на поединци не значи дека целиот систем е погрешен

октомври 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Западен Балкан е регион од стратешко значење за Европската Унија и не смееме да го запоставиме овој регион од наш сопствен интерес.

Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите.

Ова во интервју за МИА го порача германскиот амбасадор, Томас Герберих, кој истакна дека големо преовладувачко мнозинство на ЕУ државите веќе се изјасниле за започнување на преговорите.

„Недостигаат само уште неколку. Се надевам дека земјите-членки на Европската Унија на Советот за општи работи на 15 октомври ќе може да постигнат согласност за отворање на преговорите“, вели Герберих.

Во врска со реформите на правосудството и каде СЈО потфрлило на патот на справување со високиот криминал и корупција, Герберих вели дека не му доликува да ја коментирам работата на правосудството.

Но, вели негово лично мислење е дека и покрај сите недостатоци формирањето на СЈО поттикна процес, а неуспехот на поединци, додава тој не е индиција за тоа дека целиот систем е погрешно поставен.

Господине Герберих, Бундестагот даде зелено светло за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Големо мнозинство од германските пратеници и одобрија на Вашата Влада да се заложи за отворање на претпристапните преговори со РСМ. Поддршката на Германија се смета за еден од клучните фактори кои би довеле до позитивен исход за нас на претстојниот Самит. Ваша оценка дали земјата конечно ќе го добие долгоочекуваниот датумот да ги почне преговорите?

Одлуката на Бундестагот е значаен и потребен чекор во овој момент, како за иднината на земјите од Западен Балкан, така и за самата Европска Унија.

Големо преовладувачко мнозинство на ЕУ-државите веќе се изјасни за започнување на преговорите.

Недостигаат само уште неколку.

Се надевам дека земјите-членки на Европската унија на Советот за општи работи на 15 октомври ќе може да постигнат согласност за отворање на преговорите.

Сите сме оптимисти за датумот, но сепак одреден сомнеж внесува непроменетиот став на Франција, прво реформи внатре во ЕУ, па проширување. Знаеме дека одлуките во ЕУ се носат со консензус. Како ваквиот став на Франција и Макрон би се одразил врз одредувањето датум и дали постои можност да добиеме датум, но сепак со некакво условување од страна на Париз?

Западен Балкан е регион од стратешко значење за ЕУ.

Не смееме да го запоставиме овој регион и од наш сопствен интерес.

Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите.

Договорот за добрососедство со Бугарија и историскиот Договор од Преспа со Грција
значително го трасираа патот за помирување во регионот.

Сето ова покажува дека реалната перспектива за пристап претставува значаен двигател за реформи, помирување и стабилизација во Западен Балкан.

Исто така е јасно дека пристапниот процес – кој токму поради тоа е поделен на поединечни поглавја – содржи услови: фокусот е, притоа, на правната држава, основните вредности, борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Оптимисти сме дека стратешкото значење на процесот ќе биде согледано и кај нашите ЕУ-партнери.

Во вашиот говор на неодамнешната дебата за реформите што треба да се преземат во изборниот систем рековте сме постигнале имресивни реформи изминатиот период, го споменавте и правосудството. Каде затаи СЈО, ја знаете состојбата во државата, ги следите случувањата. Ваша оценка каде СЈО потфрли на патот да се справи со високиот криминал и корупција?

Не ми доликува да ја коментирам работата на правосудството.

Но, ако ме прашате за моето лично мислење – при сите сѐ уште постоечки недостатоци, формирањето на СЈО поттикна процес, кој во рамките на правосудната реформа посочува кон вистинскиот правец.

Неуспехот на поединци не е индиција за тоа дека целиот систем е погрешно поставен.

Станува збор за создавање на независно правосудство што ќе дејствува според принципите на владеење на правото во Северна Македонија.

Кривичните дела мора да подлежат на прогон независно од лицето или неговата позиција.

Тука спаѓа и тоа, истрагите да напредуваат брзо и како резултат да следи пресуда во разумен рок.

Актуелен е случајот „Рекет“, во кој една од осомничените е поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Што според Ваша оценка значи „Рекет“ за Северна Македонија, напредок или назадување, испливување на нечистотиите на површина и можност да се расчисти ситуацијата или разочарување за ЕУ?

Обвинувањата против специјалната јавна обвинителка Јанева што се наоѓа во истражен притвор, ги расветлува актуелно правосудството.

Секако дека овој таканаречен случај „Рекет“, по објавувањето во јули, предизвика големо внимание во медиумите и во јавноста.

Но, на истрагите на Јавното обвинителство, кои веќе биле започнати пред известувањето на медиумите, треба да им оставиме простор.

И претседателот Пендаровски и премиерот Заев побараа целосно и независно расфетлување на случајот, ова барање ние го поддржуваме.

Германија на 3 октомври го одбележа Денот на германското единство. Поминаа речиси 30 години откако Западна и Источна Германија се обединија. Дали 30 години се доволни за вистинско единство, за надминување на разликите меѓу Истокот, кој беше посиромашен, да речам понеразвиен и Западот, кој ден денес се смета за побогат?

Во овие 30 години од падот на Ѕидот, Германија се развиваше во сите политички и економски области и покрај сѐ посложното меѓународно опкружување.

Важно е дека луѓето од Исток и Запад храбро ја искористија оваа шанса.

Во овие 30 години нивото на живот во старите и новите сојузни покраини се изедначи, но секако дека уште има регионални разлики во Германија.

Тие не постојат веќе начелно меѓу Истокот и Западот, туку врз основа на различните регионални развои и меѓу Северот и Југот, и меѓу сите сојузни покраини.

 

МИА

актуелно Герберих СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.