Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Герберих и Пломп: Помирувањето не значи неказнивост
Во Фокусот

Герберих и Пломп: Помирувањето не значи неказнивост

ноември 21, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Амбасадорите на Германија и на Холандија, Томас Герберих и Ваутер Пломп се децидни дека помирувањето не значи и неказнивост и оти сторителите на кривични дела мора да преземат одговорност за истите, коментирајќи го азилот на Никола Груевски и предлог-законот за амнестија за 27 април.

Во врска со неодамнешното барање за азил на Никола Груевски, нема да се мешам во работењето на независниот правосуден систем, но убеден сум за една работа, помирувањето на општеството како целина, може единствено да се постигне доколку луѓето кои сториле кривични дела преземат одговорност за истите. Помирувањето не значи неказнивост, потенцира Герберих на промоцијата на твининг проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба“.

Посочи дека една од клучните реформи во земјата е реформата на правосудниот систем, со цел, како што рече, да се создаде општество што ќе работи врз основа на владеењето на правото, и почитувањето на човековите права и слободи.

„Овој твининг проект доаѓа во многу значаен период за Македонија, бидејки по позитивниот исход во процесот на имплементација на Преспанскиот договор, се надевам дека ќе се отвори патот за приклучувањето на вашата земја во НАТО и ЕУ, и тогаш македонската Влада ќе може целосно да се концентрира на реформските процеси кои мора да доведат до создавање на ново македонско општество, во кое правната сиурност ќе доминира, рече Герберих.

Додаде дека како партнери на овој твининг проект, Германија ќе даде поддршка со својата експертиза, со цел да се реализираат конкретните оперативни резултати и оти целта на проектот е да се зајакне ефикасноста на правосудсниот систем во Македонија.

Германскиот амбасадор посочи дека со реализација на овие цели, ќе се помогне и да се подобри пробациската служба и да се подобрат и зајакнат капацитетите на државата во пробациските служби, како и да се подобри свесноста на заедницата да се реинтегриаат овие лица.

Холандскиот амбасадор од своја страна рече дека во однос на потребата за помирување, тоа не значи и неказнивост, поддржувајќи ги овие ставови на германскиот амбасадор.

„Холандија повеќепати ја нагласувала важноста од владеењето на правото не само за исполнување на критериумите за членство во Унијата, туку и за подобрување на животниот стандард во Македонија. Во однос на потребата од помирување, морам да повтроам дека помирување не значи неказноивост, јас целосно ги поддржувам ставовите на мојот германски колега, рече Пломп.

Повтори дека Холандија ја поддржува Македонија во реформите кои не се лесни и токму затоа Холандија е тука да и помогне на земјата како партнер и оти македонските институции ќе го искористат знаењето и искуствата од Холандија и Германија во делот на пробацијата

актуелно германија Дескоска македонија Пломп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.