Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Герберих: Сите зборуваат за „бомби“, но кога тие ќе експлодираат не се толку силни за да постои страв од нив
Македонија

Герберих: Сите зборуваат за „бомби“, но кога тие ќе експлодираат не се толку силни за да постои страв од нив

февруари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Се надевам дека изборната кампања ќе има содржини, а не само меѓусебни партиски обвинувања, порача денеска германскиот амбасадор Томас Герберих во интервју за „Слободен печат“ и додава кампањата не би ја нарекол валкана, туку премалку ориентирана кон суштината.

– Секоја страна ја посочува другата како криминална, се зборува за „бомби“, но кога тие ќе експлодираат, не се толку силни за да мора да постои страв од нив. Би било важно за гласачите да знаат каква програма имаат партиите, во која насока сакаат да ја водат земјата во иднина, во интерес на граѓаните, на земјата. Кога тоа би се случило, мислам дека многу повеќе гласачи би излегле на изборите, вели Герберих, кој додава дека подобро ќе беше изборите да беа регуларни, наместо предвремени, бидејќи тоа е одреден фактор на стабилност.

Во врска со Законот за Јавно обвинителство, Герберих вели дека начелно нови закони не носат повеќе правда, туку шансите за зголемена правда и борба против корупцијата зависат од разумното имплементирање на законите.

– Законот за Јавно обвинителство од некои земји членки на ЕУ беше поставен како предуслов за започнување пристапни преговори, во областа на реформите во правосудството и добро е што овој закон се изгласа, но самиот тој нема да користи ако не се имплементира разумно.

Тоа за мене значи дека случаите што ги започна или со кои се занимаваше СЈО, ќе бидат продолжени од регуларното ЈО и ќе имаат разумен крај, разумен резултат и дека луѓето што погрешиле, конечно ќе бидат казнети.

Тоа мора да биде јасен сигнал до граѓаните дека политичарите се сериозни во однос на ова, нагласи Герберих.

Во врска со забелешките на опозицијата дека со новиот закон се обезбедува амнестија за политичарите од актуелната власт, Герберих вели дека ако вистински се имплементира овој закон, тогаш тоа не може да се случи.

– Обвинувањата меѓу двете партии поаѓаат од ситуација дека политиката се меша во правосудството. Токму тоа е поентата, тоа треба да се смени со Законот. Ќе зависи од тоа дали навистина ќе се етаблира независно правосудство, што е вистинскиот предуслов за прием во ЕУ. Кога има независно судство, сѐ функционира и не е потребно политичарите да се мешаат и да велат дека законот се користи од политичарите. Токму тоа не смее да се случи. Тоа е застарен начин на мислење и мора да исчезне. Тоа е предуслов за почнување на пристапни преговори, додава германскиот амбасадор.

На прашањето дали Германија и натаму е на ставот Македонија и Албанија да не се разделат во одлуката за преговори со ЕУ, Герберих нагласува дека би било пожелно кога со двете земји би можело да се започнат пристапни преговори.

– Бидејќи од геостратешки аспект и за целиот регион, според мене, е подобро кога двете земји би можеле да пристапат. Колку повеќе земји ги исполнуваат предусловите за прием во ЕУ, толку подобро за целиот регион. Но, од друга страна, не треба една држава да заостане поради кусок на напредок во друга. Сега ќе зависи од тоа, Европскиот совет да најде прифатливо решение за двете држави. И јас сум оптимист дека ќе се најде вакво решение, дека може да се постигне, додава тој.

Во врска со реакциите на земјите-членки околу новата методологија и колкави се шансите датумот да се добие во март, Геберих изјави дека нема конечна информација, но додаде дека разговорите во ЕУ одат во добра насока.

– Методологијата е прифатена од сите земји-членки и задоволна е и француската страна, така што можеме да се придвижиме натаму. Патот е слободен за можно брзо почнување преговори со земјата. Јас сум оптимист дека во март би можело да функционира тоа ако сите се согласни. Ние го поддржуваме тоа, додаде Герберих.

актуелно Герберих
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.