Во експлозија во стамбена зграда во западниот германски град Вупертал што се случи вчераноќ се повредени 25 лица, од нив четворица потешко, соопшти германската полиција, наведувајќи дека експлозијата ја уништила зградата, а не наведува дали експлозијата можеби е поврзана со тероризам.
На местото каде што беше зградата, во низот згради во квартот Лангерфелд, сега има огромна дупка.
Пожарникарите денес до пладне сеуште го гаснеа огнот.
Истрагата за причините што довеле до експлозијата е во тек.
Експлозијата се случила околу полноќ, проследена со силен тресок, а луѓето од околните згради во паника истрчувале на улица.







