Октоберфест е за повеќе од два месеци, но подготовките веќе почнаа. Недалеку од центарот на Минхен има големо градилиште и од вчера таму пристапот е забранет.
Годинешниот Октоберфест ќе трае од 16 септември до 3 октомври – два дена подолго од вообичаеното.
Продолжувањето треба да се совпадне со празникот – Денот на обединувањето на Германија, 3 октомври, кој паѓа во вторник.
„Таквиот ‘XXL’ Октоберфест ќе биде уште една успешна приказна“, изјави директорот на фестивалот Клеменс Баумгартнер.
Тој истакна дека минатата година имало 5,7 милиони посетители, со оглед на тоа дека во 2020 и во 2021 година немаше фестивал поради пандемијата со корона вирус.
„Тоа е за половина милион луѓе помалку отколку во 2019 година – но заради лошото време“, потсети Баумгертнер.
Дождот и студот направија лани на Октоберфест да се служи и варено вино.







