Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер изјави дека е против повторното воведување на задолжителна воена служба за зајакнување на армијата на нацијата, Бундесверот, јави ДПА.
-Економските трошоци за задолжителната воена служба би биле многу високи со оглед на недостигот на работна сила во општеството што старее, рече Линднер за ДПА.
Наместо тоа, тој повика на посилна воена резерва за Бундесверот.
Министерот за одбрана, Борис Писториус, како што наведува ДПА, во моментов ги испитува моделите на задолжителна воена служба и ја разгледа практиката во скандинавските земји.







