Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик ги постави темелите на новата фабрика за медицинска пластика.
Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија.
Инвестицијата ќе се реализира во повеќе фази, а во план е да бидат отворени 400 нови работни места. Ова е втора инвестиција по потпишувањето на Протоколот за членство на земјава во НАТО.
Договорот беше потпишан во март годинава, а новата инвестиција тогаш ја најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Со производството, според првичните најави, фабриката ќе почне кон средината на следната година.
„Герешајмер“ има 50 фабрики во 13 држави, а вкупниот промет на компанијата е 1,3 милијарди евра.