Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, падна на антидопинг тестот после финалето во Лигата на шампиони во 2017 година против Јувентус (4:1), тврди германскиот магазин Шпигл.
Весникот се повикува на информации од “Фудбал Лекса“ и. како што наведува, тоа му е втор пат, после тестирањето во тренинг центарот во февруари истата година.
УЕФА во двата случаја го прифатила објаснувањето и се откажала од постапка против шпанскиот репрезентативец, се наведува во текстот во Шпигл.
Рамос, наводно, бил позитивен на дезаметазон, кој е дозволен кога УЕФА е информирана на време за негово користење.