Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Гласаат болните, немоќните и затворениците
Македонија

Гласаат болните, немоќните и затворениците

јули 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска гласаат 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Најмногу болни и немоќни за гласање се пријавени во Прилеп и во Кичево по 486 граѓани, потоа во Струмица – 465, во Ново Село 375, во Крива Паланка 361, во Делчево 335 и во Липково 331. Гласање за болни и немоќни нема да има во Вевчани, а во Желино е прифатено барањето на само едно лице, додека во Шуто Оризари и во Центар Жупа ќе гласаат по четири болни и немоќни лица. Во Арачино се пријавени петмина за гласање денеска.

Од скопските општини во Гази Баба прифатени се барањата на 168 болни и немоќни за гласање, а во Бутел – 82, во Карпош ќе гласаат 80, во Кисела Вода – 57, во Ѓорче Петров 48, а во Аеродром 47.

Гласање ќе се спроведува и во 13 Казнено-поправни установи, а во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Гласање ќе има и во 17 старски домови каде правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Гласањето на овие лица се спроведува од страна на избирачките одбори, како и вообичаено досега, со тоа што и членовите на одборите, но и лицата што се пријавиле да гласаат задолжително мора  да ги почитуваат општите превентивни мерки за заштита од КОВИД – 19.

Врз основа на Упатството на ДИК членовите на Избирачкиот одбор и претставниците на политичките партии кои го спроведуваат гласањето во домот на болните, немоќните или хронично болните лица мора да носат заштитна маска преку нос и уста и ракавици за еднократна употреба, задолжително е одржување на физичка дистанца во текот на целиот процес, како и  миење на раце и дезинфекција по завршување на процесот.

Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска или шал или марама или прекривка преку нос и уста. При самото влегување во внатрешниот простор, најпрво лицето кое гласа треба да ги дезинфицира рацете, при подавање на личната карта најпрво ја симнува накратко маската за идентификација, но мора да ја запази потребата дистанца од метар до метар и половина. По завршеното гласање лицето повторно ги дезинфицира рацете.Членовите на ИО маската ја менуваат на секои четири часа.

Вчера, на првиот ден на гласањето, за кандидатските листи се изјаснуваа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Државната изборна комисија синоќа соопшти дека правото на глас го искористиле 723 лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски појасни дека било утврдено оти треба да гласаат 759 лица, а разликата што се јавува во бројките што ги соопштија претходно во текот на вчерашниот ден, е од причина што тие одлучувале и прифатиле одредени приговори од граѓани.

Од вчерашното и денешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето.

Право на глас на овие десетти парламентарни, а петти предвремени избори имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

актуелно болни затвореници немоќни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.