Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ГЛОБАЛЕН ПРЕСВРТ: Америка и Кина се помируваат, а Европа ја пика главата в песок
Анализи

ГЛОБАЛЕН ПРЕСВРТ: Америка и Кина се помируваат, а Европа ја пика главата в песок

јули 4, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дали луѓето кои имаат важни позиции во клучните членки на Европската унија забележале дека Американците, без оглед на донеомнадешната остра, многу се трудат да ги затоплат односите со Народна Република Кина?

Иако Белата куќа со години де факто ја прогласува Кина за главен глобален стратешки непријател, дојде до потполно очигледен итен пресврт во основната јавна реторика на администрацијата на Бајден.

Се поставуваа крајно агресивно кон Кина, а сега инсистираат, заради меѓународната безбедност, да се поправи комуникацијата меѓу двете армии, и се чини дека САД се повеќе ги загрижуваат можните економски последици од влошувањето на односите со режимот на претседателот Кси Џинпинг, кој неодамна го зацементира новиот мандат.

Во таа насока, треба да се истакне дека Американците почнуваат ургентно да одат во Кина, а во последните месеци не е забележано дека некој навистина важен од високата кинеска политика организирал прием кај адекватен висок соговорник од американската извршна власт, и тоа во Соединетите Американски Држави.

Дали Соединетите Американски Држави заради нешто се поприлично загрижени, ако на високо ниво, многу брзо после американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен, ненадејно си оди и шефицата на американското Министерство за финансии, Џенет Јелен?

Се разбира, причина е економијата.

Сезоната на одење на високо ниво во Кина пред американските политичари беше отворена оваа година од серија харизматични директори на американски корпоративни гиганти, како претходница на американските политичари од висок ранг.

Главниот извршен директор на „ЈПМорган“, Џејми Дајмон, инвестираше богатство во кинески настан, кој резултираше со многу кисел дочек од Кинезите.

Во Кина, Димон практично се размина со Лаксман Нарасимхан од „Старбакс“, а потоа таму пристигна и Елон Маск. Тој беше пречекан нешто потопло од Димон, кого Кинезите го паметат по неговата изјава дека неговата банка ќе ја надживее нивната Комунистичка партија.

Во последната недела од мај, во Кина итно отпатуваа и челниците на „Епл“, низа други американски компании, но и други големи светски играчи кои, заради политика, не сакаат да ги жртвуваат своите позиции во Кина, посебено кога се во прашање ланците за снабдување кои можат да влијаат на конкурентноста и на сите други пазари.

Во тие седум дена, Кина ја посетија и директорите на „Самсунг“, „Арамко“, „Фолксваген“, ХСБЦ…

Си-Ен-Ен таа навалица кон Пекинг ја нарече „парада на главните извршни директори“ загрижени дека глобалниот геополитички конфликт ќе предизвика колапс на економските односи кои се многу корисни и за Запад и за Кина.

Во кинеските медиуми особено позитивно се прифатени коментарите на Илон Маск за обидите на западните држави да ја минимизираат секоја соработка со Кина.

„Интересите на САД и Кина се испреплетени како оние кај близнаците…“, рече Маск и коментираше дека кинеско-американските односи не смеат да се третираат како да се работи за игра во која добивката на едната страна е секогаш загуба на другата страна.

Овие коментари на Маск беа цитирани од кинеското министерство за надворешни работи и тоа за трговија.

И после таа вистинска мала инвазија на добра волја на американските деловни лидери на Кина, сега таму итно пристигнува најважната жена во американската економија, шефицата на Министерството за финансии, Јелен. Последен пат шеф на американското Министерство за финансии ја посети Кина пред четири години, кога администрацијата на Трамп го обвини Пекинг за манипулација со валутата и имаше очигледен тренд на влошување на односите, кој ескалираше со влегувањето на Џо Бајден во Белата Куќа. Делегацијата на САД тогаш ја предводеше тогашниот прв човек на „финансии“, Стивен Мнучин.

Во најавата за важната средба на Јелен со кинеските претставници (таа нема да има пристап до претседателот Кси) „Њујорк Тајмс“ посвети многу простор на објаснување на сложените притисоци, забрани и санкции врз Кина за кои Јелен се чини дека е подготвена да преговара, за да не дојде до „рушење“ на ланците за снабдување на американските компании.

САД и ЕУ беа во занес да и се закануваат на Кина со испораката полупроводници, но дури и во тоа производство Кинезите имаат што да кажат, како и во цела низа бизниси за кои се предвидува светла иднина, како што е производството на батерии за е-возила или соларни панели.

Освен тоа, Кинезите почнаа повеќе да се забавуваат со издавање на безбедносни проценки на американските компании за бизнис во Кина.

На пример, тие сега се насочија кон американската „Микрон Стратеџи“, што компанијата може да ја чини една осмина од вкупниот приход. Сосем посебна приказна се многу важните позиции на голем број големи кинески компании, не само во ланците за снабдување на големите производители, туку и во рударството, особено кога се во прашење ретките минерали и метали.

Накратко, најавувајќи ја посетата на Јелен на Кина, американските медиуми туркаат епски спектар на исклучително важни теми, но нејасно е за што се може да се разговара при една посета.

На пример, тема може да биде глобалниот пазар на долгови, каде Кина сè повеќе доминира во земјите во развој, каде што има пласирано околу 500 милијарди заеми.

Дали западните демократии и Кина можеби ќе разговараат за стандардизирање на политиката за отпишување заеми на земјите кои повеќе не можат да го издржат притисокот на долгот? Или, пак, ќе се разговара за курсни политики, фискални политики, климатски политики, трансфер на технологија, за механизмите за санкции, за задолжувања…? Можеби.

Важно е тоа дека Американците нешто итно се договараат со Кинезите, додека тоа ЕУ го гледа од страна.

„Мислам дека и ние и Кина имаме корист од трговијата и инвестициите и би било катастрофално ако се обидеме да се одвоиме од Кина“, рече Јелен уште пред две недели.

„Њујорк тајмс“ за тоа пишува:

„Соединетите Американски Држави ги задржуваат царините кои ги наметна администрацијата на Трамп, за кинески увоз во вредност од милијарди долари, а администрацијата на Бајден развива нови ограничувања за тоа како американските компании можат да инвестираат во Кина“.

Но, Јелен истакна дека Америка има намера само да го „намали ризикот“ на односите и дека немаат намера да и нанесат економска штета на Кина.

„Сигурно не мислам дека е во наш интерес да го задушиме економскиот напредок на кинескиот народ“, посочи Јелен.

„Кина успеа да извлече стотици милиони луѓе од сиромаштија и мислам дека тоа е нешто за кое треба да аплаудираме“, рече таа.

Треба да се забележи дека американската реторика направи завртување од 180 степени: до неодамна тие зборуваа за голем воен сојуз со Австралија којшто ќе ја дисциплинира непријателска Кина, ако таа случајно тргне да го освојува Тајван.

Теоријата за американско-австралиска интервенција во случај на инвазија на кинеската армија на Тајван, не изгледаше цело време како вистинска приказна, но имаше многу висока политичка тежина, што почна да им пречи на бизнисите.

Не е особено мистериозно зошто Вашингтон набрзина се обидува да ги одмрзне односите со Кина, додека бриселските бирократи и понатаму продолжуваат да лансираат изјави за „одвојување“ од Кина, како да е можно преку ноќ да се деглобализира глобалното.

На пример, оние кои ја следат многу атрактивната акција на „Епл“, компанија која „флертува“ со нереална вкупна капитализација од 3.000 милијарди долари, забележале дека „Епл“ во Кина до 2024 година договори испорака на речиси 400.000 парчиња спектакуларни нови очила, од кои се обидуваат да направат нов светски хит на проширена стварност и да ја оживеат иднината на метаверзумот.

Повеќе важни делови за новите очила на „Епл“ се произведуваат во Кина, а ги склопува единствено кинеската „Луксшер“. Морган Стенли предвиде дека „Епл“ на пазарот ќе „навали“ со 850.000 очила.

Дали во интерес на САД е „Епл“да има непречен бизнис со Кинезите или да се одвои од Кина?

Треба да се напомене дека не е ни чудо што Американците се повеќе се грижат за нивното производство. Таканаречениот ИСН мануфактурниот индекс (што го одразува степенот на активност во американскиот производствен сектор) паѓа веќе 8 месеци по ред, а сега е на ниво што укажува на сериозна контракција.

Овој индекс е составен од 10 подиндекси и ниту еден од нив не е над нивото од 50 отсто, што би укажало на експанзија.

А во Европската унија, пак, имаме ситуација каде што низа членки најавуваат некои нови забрани и тарифи за кинеските е-автомобили, затоа што се шокирани од нивниот квалитет и поволната цена, па толкуваат дека се произведени со незаконски, илегални, стимулации.

После две години од пандемијата, терминот „незаконски стимулации“ во западните демократии стана прилично распространет поим.

Но, европските бирократии изгледа забораваат дека и Кинезите можат да одговорат со „одвојување“.

На пример, Кина штотуку донесе одлука да го ограничи извозот на ретки минерали во Унијата.

Кина е најголемиот светски производител на галиум и германиум, минерали важни во индустријата за полупроводници, телекомуникациите и производството на е-возила. ЕУ набавува 71 отсто галиум од Кина и 45 отсто германиум.

И што ќе прави сега без тие минерали?

А, пред тоа, ЕУ само објави стратегија за надзор на извозот на висока технологија и прекуграничните инвестиции.

Тоа не им се допадна на Кинезите. Дополнително, во ЕУ донекаде се заборава дека Кина е пазар „тежок“ 6,8 илјади милијарди долари и е многу важен за европските производители на автомобили, за фармацевтите и низа други стопански гранки.

Урсула фон дер Лајен упорно повторува дека Кина е европски ризик, но не кажува ништо за ризиците од целосно одвојување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Гети имиџис“)

актуелно Америка банка Европа Кина трговија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.