Нема листи за чекање за итни операции, соопшти денеска ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.
Според болницата, сите пациенти кои имаат потреба од елективни хируршки интервенции се известени дека во моментот ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ не е во можност да работи во претходни услови (Мој термин).
„Во врска со информациите во одредени медиуми, ЈЗУ ГОБ „8-ми септември“ – Скопје најостро демантира дека постои листа на чекање за
итни хируршки интервенции. ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје е Covid
болница со одлука на Министерството за здравство и остануваме посветени на лекувањето на нашите граѓани“, наведува дирекорот на болницата проф. д-р Христијан Костов.







