Заради сомневање за корупција, Кина ги смени командантот и заменик-командантот на ракетните сили, кои управуваат со нуклеарни и конвенционални балистички ракети.
Разрешени се генералот Ли Јучао, командант на ракетните сили на Народноослободителната армија на Кина и неговиот заменик, генералот Лиу Гуангбин.
Ракетните сили имаат девет воени бази каде се извршуваат сите работи поврзани со кинеското нуклеарно оружје, од ракетно тестирање до нивно одржување, пишува „Дејли Биаст“.
Со промената на врвот, кинеските власти ја разнишаа единицата која најверојатно ќе игра клучна улога во било каков обид за преземање на воена контрола над Тајван.
„Дејли Биаст“ проценува дека двете смени го означиле најголемиот потрес во врвот на кинеската војска во последните неколку години, а американските власти предупредуваат дека Кина би можела да влезе во судир со Тајван во 2025 или 2027 година.
Кина редовно ги негира таквите обвинувања, велејќи дека нема намера со сила да ја преземе контрола над островот кој е независен од прогласувањето на Народна Република Кина.
Поранешните команданти на кинеските ракетни сили, Ли Јучао и неговиот заменик Лиу Гуангбин, биле под антикорупциска истрага, пишува хонгкошкиот весник „Морнинг Пост“ (The South China Morning Post).
Пекинг ги замени Ли и Лиу на чело на кинеските ракетни сили со Ванг Хобин, кој ќе биде нов командант, и Ксу Ксишенг, кој ќе служи како нов политички комесар, објавија од Канцеларијата за информации на Државниот совет на Кина.
„Корупцијата со години е проблем за кинеските команданти. Со оглед на тоа како се развиваат ракетните сили, нема сомнение дека таму моментно се вртат многу пари од профитабилните договори за изградба и набавка, па не е воопшто чудно ако се открие корупција“, изјавиј Мет Брузезе, воен аналитичат, за „Дејли Биаст“.
Тој потсети на пресудата на генералот Гу Јуншан во 2015 година, кој беше обвинет за огромна корупција.
Кинескиот лидер Кси Џинпинг долго време ја водеше борбата против корупцијата во војската за да ја зацврсти својата моќ и да ги модернизира ракетните сили.
Но, прашање е дали командантите на кинеските ракетни сили се разрешени токму поради корупција. Промената на врвот на ракетните сили, потсетува „Дејли Биаст“, се совпаѓа со случајот на кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, кој исчезна од јавноста неколку дена пред да биде сменет.
„Тие можеби се отстранети поради корупција или други кривични дела, но Кси најверојатно работи на поставување што е можно повеќе свои лојални луѓе за да ја зајакне контролата над кинеската војска и дипломатската служба“, рече Тони Хју, претставник на американскиот Пентагон задолжен за Тајван.
„Ова е делумно заради зацврстување на неговата контрола за да се осигура дека сите негови подредени му се многу лојални“, изјави Хју за „Дејли Биаст“.
Но, и разрешените команданти и разрешениот министер за надворешни работи Џипинг претходно сам ги избра.
Министерот за надворешни работи, Чин Ганг, е сменет после гласините дека има вонбрачна врска.
„По сменувањето на Чин Ганг, Кси веројатно двојно го проверува сечие минато“, вели Хју.
Тој претпоставува дека кинескиот лидер е сериозно загрижен кога ќе размисли за тоа уште кој друг, од луѓето од неговиот близок круг, би можел да биде странски агент или под влијание на странски земји и странски влади. Притоа, ракетните сили му се многу важни, затоа што тие се силите кои ќе покренат напад врз Тајван, ако Кина некогаш се обиде да го нападне.
„Тоа е критична сила да поставување на сцената, за подготовки за можна успешна инвазија на Тајван. Тој таму сака да ја постави својата најлојална личност“, изјави Хју за „Дејли Биаст“.
Затоа проценува дека ќе има уште промени во кинеската војска.
„Не мислам дека ова е крајот. Мислам дека ова е почеток“, истакнува Хју.
Двајцата генерали кои се сега именувани за командант и заменик-командант на ракетните сили доаѓаат од морнарицата и од воздухопловните сили, па им недостасува искуство, што е клучен показател дека најверојатно се работи за подобност и доверливост, а не за техничка компетентност.
„Фактот што Кси се одлучи за таква замена, наместо да промовира поискусни команданти во хиерархијата, укажува на тоа дека тој првенствено е заинтересиран да ги расчисти редовите од потенцијално нелојалните кадри“, објаснува Брузезе.
„Кина е загрижена дека САД се обидуваат да формираат антикинески сојуз, поврзувајќи се со Јапонија, Кореја, Австралија и членките на НАТО. Кси тука гледа ситуација во која е опколен“, вели Тони Ху од Пентагон.
Пред извесно време, американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, и државниот секретар, Антони Блинкен, ја посетија Австралија како дел од пошироките напори на американската влада да се спротивстави на влијанието на Кина во тој дел од светот. Американските и австралиските лидери договорија посилно американско воено присуство во австралиските воени бази, вклучувајќи и испраќање на американски бомбардери.







