Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Големиот победник на изборите во Холандија: Герт Вилдерс – холандскиот Доналд Трамп
СВЕТ

Големиот победник на изборите во Холандија: Герт Вилдерс – холандскиот Доналд Трамп

ноември 23, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Убедлива победа на вчерашните предвремени парламентарни избори во Холандија извојува националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ), чиј лидер Вилдерс, честопати нарекуван и „холандски Доналд Трамп“, е познат по своите антиисламски, антиимигрантски и анти-ЕУ ставови.

Тој во својата 25-годишна политичка кариери патот до вчерашниот изборен резултат го градеше со популистичка реторика и нагласување на главните грижи на холандските гласачи, но и со нарекување на Мароканците „ѓубриња“, поради што му беше изречена и судска казна, како и со организирање на „конкурси“ за карикатури на пророкот Мухамед и со промовирање на својата „мисија за запирање на исламската инвазија на Западот“. Поради ваквите ставови во 2004 година доби закани по животот, поради што беше ставен под полициска заштита.

Сепак, во последните настапи во текот на кампањата, Вилдерс делумно ретерираше во своите позиции, изјавувајќи дека е подготвен да ги „замрзне“ своите ставови за Исламот со цел да учествува во Владата, бидејќи Холанѓаните имаат „поголеми проблеми од борбата против напливот на баратели на азил и имигранти“, како што се зголемените трошоците за живот, здравствената заштита и безбедноста.

Но, и покрај ублажената предизборна реторика на Вилдерс, Изборната програма на ПВВ го задржа неговиот остар антиимигрантски тон.

Во синоќешниот настап пред членовите и симпатизерите на ПВВ во Шевенинген по објавувањето на првичните изборни резултати, Вилдерс изјави дека победата на партијата на изборите и носи и „огромна одговорност“, како и дека другите партии сега не може повеќе да ја игнорираат откако освои 35 пратенички места.

– Гласачите порачаа: Доста ни е. Ќе се погрижиме Холанѓанецот повторно да биде на прво место. Холанѓанецот, исто така, има надеж дека ќе си ја поврати својата земја, истакна Вилдерс.

Според Вилдерс, ПВВ ќе се погрижи за враќање на Холандија на Холанѓаните и за ограничување на миграцијата.

– Ние ќе се погрижиме луѓето да добијат повеќе пари во паричниците. Повторно да има ред и безбедноста. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Холандија за нивните поддршка, истакна Вилдерс.

Тој исто така се обрати до останатите партии порачувајќи име дека „мора да бараат договор“ и „да работат заедно“.

– Од оваа одлична позиција, ПВВ сака да соработува со други партии. Мора да излеземе со решенија, во рамките на Уставот, порача Вилдерс.

Вилдерс е роден во 1963 година во Венло, во близина на границата со Германија, во католичко семејство во доминантно протестантската Холандија. Интересно е што Вилдерс ја гради својата политичка кариера на антиимигрантска политика, а неговата мајка е половина Индонезијка, факт што тој ретко го спомнува.

Во политиката Вилдерс влегува во 1998 година како член на либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), која ја напушта во 2006 година и ја формира ПВВ.

 

 

 

 

(Фото: МИА)

актуелно Доналд Трамп избори победник холандија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.