Шумски пожар во јужна Шпанија принуди повеќе од 1.500 луѓе да се евакуираат и се заканува на национален парк во таа земја кој е познат по биолошката разноврсност, соопштија шпанските власти.
Повеќе од 60 пожарникари и 24 воздушни единици се борат во справување со пламените јазици.
Пожарот, според информациите, напредувал кон западот на земјата и го зафатил националниот парк Донјана, еден од најважните природни резервати во Шпанија којшто се простира на 50.000 хектари, а неговите шуми и мочвари претставуваат важно стојалиште за птиците преселници кои пристигнуваат од Африка и Европа и е дом на различни животни како што се иберискиот рис коj се водi како загрзозенa врстa.
„Огинот ги зафати границите на резерватот и нашите напори се насочени на таа област“, изјави за шпанската национална телевизија Хосе Грегорио Фискал Лопез, андалузиски претставник задолжен за природното опкружување.
Регионалната претставничка на Андалузија, Сузана Дијаз, изјави дека „не постои ризик за популацијата“, откако повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од домовите, камповите и хотелите на југот на Шпанија во близина на градот Могер, каде што пожарот изби во саботата вечерта.
Дијаз наведе дека борбата со пожарот е тешка поради жешкото и суво време и ветровите проследени со температури кои достигнуваат и до 39 степени. За причините за пожарот таа соопшти дека во случајов може да е човечки фактор.
„Сеуште е многу рано да се зборува за тоа, но не ја исклучуваме можноста огнот да е случајно или намерно предизвикан од човечки фактор“, рече Дијаз.







