Голем пожар избувнал синоќа во 02:55 часот и зафатил ресторан и возила во Скопје.
Дел од медиумите јавуваат дека пожарникарите два часа го гаснеле огнот кој што ја зафатил изгорената куќа- ресторан, а кој што се прошил и на патнички возила паркирани на улицата „Дане Карпчев“ број 1. Од пожарот биле зафатени и горните катови над објектот, па станарите кои таму живееле веднаш биле евакуирани.
Пожарот, како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје бил локализиран во 04.55 часот.
Опожарени се 250 квадратни метри, но се уште не е утврдена предизвиканата материјална штета. За гаснење на пожарот било интервенирано со 8 возила и 18 пожарникари.







