Голем шумски пожар, кој изби утрово во 11:30 часот над велешкото езеро „Младост“, сеуште е активен.
Зафатена е борова шума, а поради опасноста да ги зафати хотелите и викенд населбата во гаснењето на пожарот се целосно вклучени екипите на ТППЕ Велес, на кои им поматаат ТПП единици од Кавадарци, Штип и Свети Николе.
Со два авиона од воздух во гаснењето на огнената стихија е вклучена и Дирекцијата за заштита и спасување, а активирана е и подражната единица на Општина Велес и останатите надлежни институции како армијата и полицијата.
Како што информираат од ТППЕ Велес за МИА, за среќа пожарот го одминал хотелот „Глориус“, кој се наоѓа над патот, во бороватаа шума над велешкото езеро.
Од ТППЕ Велес потенцираат дека иако пред десетина години имаше многу пожари во боровата шума над велешко езеро, пожар со ваква димензии не паметат.







