Многу чудни работи се случуваат на фудбалските натпревари од време на време. Неверојатни голови, одбрани, стартови.
А, сега се случи уште една навистина многу чудна ситуација на мечот меѓу Коњеспор и Малатија.
Имено, голманот на домашната екипа Серкан Киринтли доби директен црвен картон во 13 секунда од натпреварот. Тешко е да се објасни што имал на ум да стори.
Веднаш откако судијата даде знак за почеток на мечот, еден од играчите на гостите упати долга топка која одеше право кон чуварот на мрежата на домаќините. Се изгледаше како лесна работа, И навистина беше така. Но, тогаш дојде до израз Киринтли.
Голманот на Коњеспор излезе надвор од казнетиот простор, ја фати топката со двете раце и веднаш се упати кон соблекувалната.
Малатија ја искористи бројчаната предност и славеше со 2:0.
https://www.youtube.com/watch?v=7QLmFYbsRn8&feature=youtu.be







