Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Горбачов – едно од најважните лица од втората половина на дваесеттиот век
СВЕТ

Горбачов – едно од најважните лица од втората половина на дваесеттиот век

август 31, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешниот советски лидер и добитник на Нобелова награда за мир, Михаил Горбачов, кој почина синоќа на 92-годишна возраст, многу историчари го сметаат за едно од најважните лица од втората половина на дваесеттиот век, пишуваат медиуми.

Тој беше последен претседател на СССР, стави крај на Студената војна без крвопролевање, но, не успеа да го спречи распаѓањето на Советскиот Сојуз. Горбачов поднесе оставка од својата функција на 25 декември 1991 година, а Советскиот Сојуз се распадна по 69 години.

„Михаил Сергејевич Горбачов почина вечерва по тешка и долготрајна болест“, соопшти Централната клиничка болница во Москва.

Според Тасс, тој ќе биде погребан на московските гробишта Новодевичи покрај својата сопруга Раиса, која почина во 1999 година.

Од сиромашно семејство до партискиот врв

Горбачов е роден на 2 март 1931 година во сиромашно семејство во Приволноје кај Ставропол во јужна Русија. Како правник, брзо се приклучи на комунистичката партија, а потоа со годините се проби до самиот врв на партиската номенклатура.

Беше нејзин осми и последен генерален секретар. Ја водеше од 1985 до распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Кога во 1985 година стана генерален секретар на советската комунистичка партија, на 54-годишна возраст, тргна да го ревитализира системот со воведување програми на гласност и перестројка што имаа за цел да обезбедат поголема демократија и економски раст. Но, неговите реформи излегоа од контрола.

Неговата политика на „гласност“ – слобода на говор – овозможи дотогаш незамислива критика на партии и држави, но, исто така ги охрабри националистите кои почнаа да вршат притисок за независност во балтичките републики Летонија, Литванија, Естонија и на други места.

Иако беше посветен следбеник на советската држава и социјалистичките идеали, реформите на ослабениот систем, според него, беа нужни за понатамошен напредок на земјата.

Во тоа доста го увери и нуклеарната несреќа во Чернобил од 1986 година, што откри многу сериозни недостатоци на комунистичкиот систем и неспособност на највисоките носители на одлуки да спречат такви катастрофи и да го заштитат населението.

Советските власти катастрофата ја признаа со неколку дена задоцнување и тоа дури кога зголемената радиоактивност е забележана во соседни земји.

Во областа на надворешната политика, тој одлучи да ја прекине советската интервенција во Авганистан и да започне разговори со тогашниот американски претседател Роналд Реган, што доведе до неколку договори за ограничување на вооружувањето.

Кога продемократски протести зафатија земји од советскиот блок од комунистичка источна Европа во 1989 година, тој се воздржа од употреба на сила – за разлика од претходните лидери на Кремљ, кои испратија тенкови да ги задушат востанијата во Унгарија во 1956 и во Чехословачка во 1968 година. Но, протестите поттикнаа аспирации за автономија во 15 републики на Советскиот Сојуз, кој се распадна во наредните две години на хаотичен начин.

Горбачов залудно се бореше да го спречи колапсот.

Следбениците на „тврдата линија“ се обидоа во 1991 да го соборат од власт со државен удар што не успеа.

Тоа го означи крајот на политичката кариера на Горбачов и тој мораше да си поднесе оставка, а Советскиот Сојуз се распадна.

За многумина во Русија – предавник

Потоа Горбачов главно се повлече од активната политика, но остана важна личност од заднината која долго изнесуваше ставови за релевантни теми од Русија и од светот.

Го сметаа за гласен критичар на првиот претседател на Русија, Борис Елцин, како и на актуелниот, Владимир Путин.

Меѓу историчарите, тој се смета за едно од најзначајните лица од втората половина на дваесеттиот век. Во 1990 година, тој доби Нобелова награда за мир.

Но во Русија за многумина е предавник. Советски носталгичари му замеруваат што допуштил да се распадне земјата што комунистите 70 години ја граделе на урнатините на империјална Русија. Дека станувало збор за голема геостратешка грешка, неколкупати оцени и Путин.

Многумина Руси никогаш не ги простија турбуленциите што неговите реформи ги предизвикале, сметајќи го последователниот пад на животниот стандард како превисока цена за демократија.

актуелно важен лик гобрачов дваесетти век
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.