Попладнево избувна пожар кај поранешната охридска касарна „Михаило Апостолски”. Силниот ветер го шири огнот со голема брзина и луѓето бегаат од куќите во близина на касарната.
„Страшно е. Огнот се шири многу брзо. Ветерот е силен и уште повеќе ја засилува огнената стихија. Луѓето ги вадат од куќите до кои што се доближи пожарот. Тие од немоќ и страв плачат. Се чудат што ги снајде”, ни рече сведок кој учествува го гаснењето на пожарот.
Во борбата со огнената стихија се ангажирани сите материјални средства, возила и опрема на охридската противпожарна бригада.
Силниот ветер им ја отежнува борбата со огнот.







