Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Градинките се отвораат на почетокот, а гранциите на средина на јуни, место државен карантин – домашна самоизолација
Македонија

Градинките се отвораат на почетокот, а гранциите на средина на јуни, место државен карантин – домашна самоизолација

мај 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кон почетокот на јуни ќе почнат со работа градинките, а очекувањата се границите да се отворат кон средината на  јуни.

Оние лица пак, кои со хуманитарни летови влегуваат во државата, треба да приложат ПЦР тест за коронавирусот и наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатат во задолжителна домашна самоизолација.

Токму средината на јуни, според министерот за здравство, Венко Филипче е најразумен период кога би требало да се отворат границите, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

„Средина на јуни се очекува отворање на границите. Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни“, рече Филипче.

За оние лица кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, воведени се нови промени.

Согласно одлуката на Владата, тие пред влегување на територијата на државата треба да приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа, и наместо во задолжителен државен
карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

„Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство“, соопшти во текот на вчерашниот ден Владата.

И покрај очекувањата да се релаксираат мерките, министерот за здравство, Венко Филипче вчера истакна дека постои уште еден начин на пренесување на вирусот, што во моментов кај нас е актуелен, а тоа е преку близок респираторен контакт.

„Повеќе настани, повеќе семејни настани во меѓувреме се случија од каде што излегоа нови пациенти, меѓутоа во основа е истиот механизам на таков респираторен близок контакт, за жал непочитувајќи ги мерките кои се сега во сила“, рече Филипче.

Во однос на статистиката, вкупно 1.921 дијагностицирани пациенти на КОВИД-19 има во моментот во државата.

Од почетокот на епидемијата, оздравени се 1.387 пациенти, а починати 112.

Бројот на активни случаи пак, изнесува 422.

Позитивни на коронавирусот се и 14 припадници на Министерството за
внатрешни работи, со што од вчера во изолација се ставени сто и тројца
полицајци.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека засега не се знае како дошло до нивно заразување.

„Сто и три припадници на полицијата се ставени во изолација, а 14 од нив се позитивни на Ковид-19. Засега не се знае како дошло до нивно заразување. Во изолација се ставени полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови“, потврдија за МИА од МВР.

Според податоците на Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден примени се осум нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 56 пациенти.

Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, критично болни, а на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во болницата „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 16 пациенти.

На респиратор се пет, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Нашата држава во текот на вчерашниот ден доби заштитна медицинска опрема од страна на Бугарија.

Донацијата е составена од 600 заштитни медицински одела за повеќекратна употреба, 300 пара заштитни очила и 300 визири.

Донацијата од заштитна медицинска опрема за поддршка во справувањето со Ковид–19 е наменета за јавното здравство како и за припадниците на Военомедицинскиот центар во Армијата на Република Северна Македонија.

 

актуелно градинки гранции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.