Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Град Скопје ќе дистрибуира топлинска енергија до граѓаните
Скопје

Град Скопје ќе дистрибуира топлинска енергија до граѓаните

јули 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На денешната владина седница е донесена одлука на Град Скопје да му се даде трајно користење на топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски системи“ (ГЕС).

Градот Скопје, како што информира во своето соопштение, преку АД ГЕС СКОПЈЕ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот, што е последица на затоплувањето на објектите на среден рок преку развој и проширување на топлификациската мрежа, давање субвенции за приклучување, подобрување на енергетската ефикасност на објектите, намалување на потрошувачката на енергија преку регулација и изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас.

„ГЕС ќе овозможи обмислени градски енергетски политики, одговорен пристап кон енергетската ефикасност и рационален пристап во комбинирањето на топлификациската и гасоводната мрежа низ градот. ГЕС ќе има изменет пристап кон корисниците во кој приоритет ќе има бројот на приклучени претплатници и ширењето на мрежата, наспроти максимизирањето на профитот и рационализирањето на трошоците и инвестициите, како што е случај со сегашните дистрибутери на топлинска
енергија“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Целта на Градот е парното греење да биде достапно за сите, граѓаните да добиваат пониски сметки, да се запре досегашниот бран на исклучување од системот, повторно да се вратат во мрежата корисниците кои го напуштиле овој начин на затоплување поради превисоките сметки за парно, и да се привлечат во системот нови корисници.

Од Градот посочуваат дека преку субвенционирање на потенцијалните нови корисници и вложување во енергетска ефикасност на објектите што треба се приклучат на топлификацискиот систем, директно ќе влијае и врз намалување на потребата од топлинска енергија за затоплување, а со тоа ќе се намали и трошокот за затоплување, односно корисниците ќе добиваат помали сметки за греење.

„Со функционално поврзување на трите топлификациски мрежи, кои во моментов се одвоени, ќе се создадат можности за вложувања во досега нерегулирани извори на топлинска енергија со што ќе се создаде конкуренција на пазарот што ќе доведе и до дополнително намалување на цената на топлинската енергија“, информираат од Град Скопје.

град скопје граѓани топлинска енергија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Јапонската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје

јуни 5, 2026

Времето денеска многу топло, попладне можен дожд и грмежи

јуни 1, 2026

Времето сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд

мај 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.