Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грантови за 5 општини за подобрување на социјалните услуги
Економија

Грантови за 5 општини за подобрување на социјалните услуги

септември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На регионална Конференција во Скопје, со поддршка од ЕУ, презентирани се  искуствата на соработка на локалните власти и граѓанскиот сектор на земјите од Западен Балкан

Конференцијата ја отвори министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу: Ја поздравувувам соработката на сите нивоа во решавањето на предизвиците. Посилни сме кога си помагаме меѓу себе на патот до нашето членство во Европската Унија.

Пет општини во Република Македонија, општините Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Ресен ќе добијат грантови од по 120 000 евра за подобрување на социјалните услуги, пред се за ранливите и маргинализирани групи, во соработка со граѓанскиот сектор.

Средствата се обезбедени од страна на Европската Унија, во рамките на регионален проект кој што се имплементира во Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово и во Република Македонија.

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска во Скопје ја отвори дводневната регионална Конференција за соработката на локалните власти со граѓанскиот сектор во земјите од Западен Балкан, на која што беа презентирани добрите пракси од имплементацијата на проектот.

„Владата на Република Македонија води политика на соработка со своите соседи и со земјите од регионот.  Граѓаните на земјите од Западен Балкан сакаат да бидат дел од Европската Унија. Да живеат во демократски општества, со перспективи за развој, со добро образование,  здравство, да споделуваат заеднички  вредности, да градат мостови со своите соседи, со граѓаните на Европа. Тоа го сакаат и граѓаните на Република Македонија. Затоа ја поздравувам соработката на сите нивоа во решавањето на предизвиците. Посилни сме кога си помагаме меѓу себе на патот до нашето членство во Европската Унија, рече министерот Фазлиу.

„Доброто владеење  е услов за решавање на прашањата по мерка на граѓаните, затоа што тоа подразбира отворено, транспарентно, економично и ефикасно управување со јавните работи.

Претставничката на Европската Комисија, Лислот Исаксон, истакна дека локалните власти треба да станат посвесни за ресурсите со кои што располага граѓанскиот сектор, а граѓанскиот сектор треба да биде поподготвен за имплементација на проекти, за да можат заеднички да работат и да ги подобруваат услугите во општините.

Заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахикијан потенцираше дека општините имаат големи предизвици и во обезбедувањето на грижа за ранливите и маргинализираните групи. Во рамките на овој проект, рече таа се опфатени 50 општини од регионот кои што со финансиска поддршка од ЕУ и во соработка со граѓанскиот сектор ќе можат да обезбедат дополнителни социјални услуги за 40 000 граѓани на кои што тоа им е најпотребно.

актуелно влада грантови македонија на рм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.