Во камп близу градот Овадо, западна Монтана, САД, гризли-мечка нападна и усмрти едно лице. Според шерифот во округот Пауел, мечката залутала во областа и се движела околу логорот, а нападот се случил меѓу 4,00 и 5,00 часот вчера наутро по локално време.
„Мечката се појавила близу луѓето пред овој фатален напад, потоа се оддлечила, па повторно се вратила, објасни шерифот Гавин Розелс.
Стручни лица трагаат по мечката. Идентитетот на жртвата засега не е објавен, а околностите на нападот сѐ уште се испитуваат.