Францускиот репрезентативец Антоан Гризман откри заради што не го прослави вчерашниот гол против Уругвај во рамки на четвртфиналето на Светското првенство во Русија, тој беше стрелец на вториот погодок на натпреварот, кој на неговата репрезентација и донесе водство од 2:0, што на крајот беше и конечен резултат.
„Тоа беше од причина дека многу ги почитувам. За моите први чекори во професионалниот фудбал заслужен е Уругваец, кој ми ги покажа сите добри и лоши страни на овој спорт. Многу ги почитувам и имам многу пријатели кои се од Уругвај“, рече Гризман.
Познато е дека неговиот соиграч од Атлетико, Уругваецот Диего Годин е кум на неговата ќерка, па тоа е уште една причина повеќе поради која францускиот напаѓач не го прослави погодокот.







