Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ја освои титулата на завршниот Мастерс во Лондон, откако вечерва во финалето го совлада Австриецот Доминик Тим со 2:1 (6:7, 6:2, 7:6).
Циципас стана првиот грчки тенисер со оваа титула и тоа како најмлад на турнирот, после пресврт и повеќе од два часа игра.
Завршниот Мастерс се играше за награден фонд од девет милиони долари.